Поддржувачите на македонскиот фудбал викендот што следува имаат можност натпреварите од Првата и Втората лига да ги гледаат во живо преку интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија, www.ffm.mk.
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски одржа работна средба со шефот на стручниот штаб на Шкендија, Шпетим Дуро и координаторот на академијата на тетовскиот клуб, Фестим Адеми.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и потпретседателот Мухамет Сејдини во „Куќата на Фудбалот“ имаа средба со гости од Фудбалската федерација на Косово, претседателот на ФФК, Фадил Вокри и потпретседателот Агим Адеми
Реконструкцијата на стадионот Гоце Делчев во Прилеп е дел од Хет Трик 4 проектот на УЕФА со кој се опфатени и останатите стадиони во државата кои ги реконструира Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со локалната самоуправа.